Левандовски се огласи по повод шпекулациите кои го поврзуваат со Барселона

Роберт Левандовски изминативе месеци се поврзува со трансфер во Барселона, бидејќи неговиот договор со Баерн Минхен истекува на лето.

Одличниот голгетер, уште од поодамна кажа дека сака да проба нова авантура во неговата кариера. Тој, вчера со своите соиграчи ја прослави титулата во Бундеслигата, а потоа се огласи за шпекулациите кои што го поврзуваат со каталонците.

„Ќе видиме што ќе се случи во наредните недели, сега сакам да да ја просавам титулата а потоа ќе одлучиме со мојот агент“ изјави Левандовски.

Во дресот на Баерн, Полјакот на 250 натпревари до сега има постигнато 236 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести