Роберт Левандовски на дуелот помеѓу Шкотска и Полска беше заменет во 72-рата минута, откако при еден воздушен дуел се повреди и со болки во грбот го напушти теренот. Во тој момент Полска имаше водство од 1-2, но само четири минути подоцна Шкотска израмни.
Во тој момент стравуваа и навивачите на Полска, но и оние на Барселона, а веројатно најмногу Ханси Флик, кој можеше да остане без важен играч за продолжението од Ла Лига. Сепак, по натпреварот самиот Левандовски изјави дека повредата не е сериозна, продолжува да тренира, но и ќе игра на следниот меч за Полска против Хрватска на гостински терен.
Тоа значи дека нема причина за загриженост ниту кај Ханси Флик бидејќи според зборовите на Левандовски, ако останел на теренот, постоела можност повредата да се влоши и да мора да паузира одредено време.