Додека сите погледи се насочени кон регистрацијата на Дани Олмо за Барселона, во редовите на Каталонците има промени и во оној дел кој не е спортски. Роберт Левандовски на едно од гостувањата се пожалил кај тренерот дека јајцата не се добро подготвени, а тоа на крајот резултираше со отказ за клупскиот готвач.
Ханси Флик веднаш ја пренел жалбата кај раководството, па сега во Барселона се прават интервјуа со врвни готвачи за оваа позиција, со оглед на тоа дека начинот на исхрана на фудбалерите е една од најважните ставки.
Интервјуата со кандидатите ги прават спортскиот директор Деко и клупскиот нутриционист, па Каталонците наскоро ќе имаат и нов клупски готвач.