Левандовски со јубилејниот гол докажа дека е најдобрата „деветка“ во моментов

Баерн Минхен е на чекор од одбрана на титулата во Бундеслигата по триумфот од 4-2 на гостувањето кај Баер Леверкузен. За новите три бода стрелаше и Роберт Левандовски, кој стигна до вкупно 30 погодоци во германскиот шампионат оваа сезона.

Полјакот беше во топ-форма и пред прекинот на сезоната, а голгетерскиот инстинкт не го загубил по двомесечната пауза. Денеска оствари јубилеј од 400 клупски погодоци во кариерата за Баерн Минхен, Б. Дортмунд, Лех Познан и Зрниц Пруцков, а тој е само четврти активен фудбалер со ваков учинок.

Пред Левандовски се само Лионел Меси (627 гола), Кристијано Роналдо (626 гола) и Златан Ибрахимовиќ (460 гола). Воедно бомбардерот на Баварците води во трката за Златната копачка на Европа за оваа сезона со вкупно 44 погодоци на вкупно 38 меча, што е негов личен рекорд.

- Оглас -

Најнови вести