Роберт Левандовски беше стрелец на голот за Барселона во синоќешното реми на гости кај Наполи, во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Полскиот репрезентативец погоди за водство на гостите, а Осимен го спаси Наполи од пораз.
Погодокот на Левандовски е рекорден барем што се однесува до тимот на Барселона. Со 35 години и 184 дена, Полјакот стана најстар стрелец во историјата на каталонскиот гигант на меч од нокаут-фазата.
Досегашниот рекорд го држеше Лионел Меси, кој постигна гол за Барселона во нокаут-фазата против Пари Сен Жермен во март 2021 година и тогаш Аргентинецот имаше 33 години и 259 дена.