Роберт Левандовски е вториот најплатен фудбалер во Ла Лига, но со оглед на финансиската криза во Барселона, тој станува прескап за клупскиот буџет. Клубот годишно на него троши по 33,3 милиони евра, а има договор за уште две сезони. Со оглед на тоа дека Левандовски веќе има 36 години, а на истекот на договорот би имал 38, неговата плата ќе се намалува сè до 26 милиони евра.
Сепак, Лапорта има план како да му ја намали платата, а тоа може да се случи само со една клаузула од неговиот договор, но за тоа да се случи, ќе треба Левандовски да одигра помалку од 55% од натпреварите следната сезона. Малку веројатно, но во теорија можно.
Роберт Левандовски минатата сезона одигра 49 натпревари за Барселона, на кои постигна 26 гола и забележа девет асистенции.