Левандовски утре ќе се појави на тренинг на Баерн

Роберт Левандовски е решен да си оди од Баерн Минхен летово, сега како негова дестинација се спомнува и Челзи, иако Полјакот наводно сакаше да се пресели во Барселона и никаде на друго место, но утре Леви ќе се појави на тренинг на Баерн.

Левандовски има договор со Баварците до 2023 година, и откако ќе ги мине медицински прегледи, ќе треба да се приклучи на тренинзите со останатите соиграчи. Со ова, паднаа во вода најавите дека Полјакот ќе ги бојкотира тренинзите, со цел да изврши притисок што побрзо да биде продаден.

Барселона понуди 40 милиони евра, но Баерн бара 60 милиони, и тоа да се плати веднаш, а не на рати како што барале Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести