Левандовски веќе ги исплати парите што Барселона ги даде на Баерн за него

Барселона продолжува со одличните игри во Ла Лига и во седмото коло ја забележа шестата победа со која се искачи на првото место.

Последна жртва на Барселона е Мајорка која е совладана со минимални 0-1. Човек на одлука повторно беше Роберт Левандовски кој единствениот гол на натпреварот го постигна во 20 минута по асистенцијата на Ансу Фати.

 

Ова беше деветти гол на Левандовски во Ла Лига во само седум натпревари, и на најдобар можен начин ги исплаќа парите што Барселона ги вложи во неговиот трансфер летово. Во Лигата на шампионите, Полјакот даде три гола во првите две кола. 

Со триумфот против Мајорка, Барселона се искачи на лидерската позиција на табелата со 19 бода, еден повеќе од Реал Мадрид кој својот натпревар против Осасуна ќе го игра утре.

- Оглас -

Најнови вести