27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Левандовски веќе спрема терен за во иднина, се знае каде ќе игра после Барселона

Полскиот голгетер Роберт Левандовски (34) има намера по Барселона, да игра во американската МЛС-лига и најверојатно таму и да ја заврши играчката кариера.

Дека е така, обелодени портпаролката на Фудбалската федерација на Полска, Моника Бондарович.

„Верувам дека Левандовски ќе ја избере Америка. Затоа и му организирав и водев интервјуа со него во американски медиуми. Името се гради однапред, пред да почнете да играте во таа земја, а не откако веќе сте таму“, рече Бондарович.

Леви има договор со Каталонците до летото 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести