Левандовски во 2013 плачеше од тага по поразот од Баерн, сега со Баерн плаче од среќа

Роберт Левандовски пред седум години како играч на Борусија Дортмунд беше неутешен по поразот во финалето од Баерн Минхен, но наредната година им се придружи на Баварците и дочека во оваа 2020 година да излезе од групата на фудбалски ѕвезди кои никогаш не ја освоиле Лигата на шампионите.

Левандовски на сите мечеви сезонава во ЛШ на кои настапи, освен во финалето, даде гол и има огромна заслуга за триумфот. Баерн ги освои и првенството и Купот на Германија, и таму Лева беше најефикасен, па тој се наметнува како главен фаворит за признанието играч на годината.

Левандовски испиша историја, стана првиот во постоењето на фудбалот кој во тројна круна, бил прв стрелец и во ЛП, и во лигата и во Купот.

- Оглас -

Најнови вести