4.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Левандовски во Барселона заработува колку тројца стартери во Реал заедно

Роберт Левандовски е најплатениот играч во Барселона. Искусниот голгетер има бруто-заработувачка од 21 милион евра на годишно ниво, тврдат шпанските медиуми.

Ова е астрономска сума, а тоа го покажува и фактот дека само Левандовски заработува повеќе од тројца стартери во Реал Мадрид. Арда Ѓулер има договор на пет милиони евра во Реал Мадрид, Карерас заработува седум милиони евра во мадридскиот гигант, а Хујсен има плата од осум милиони евра. Тоа значи дека за платите на Ѓулер, Карерас и Хујсен, Реал Мадрид вкупно на годишно ниво троши 20 милиони евра.

Актуелниот договор на 37-годишниот Левандовски со Барселона истекува на крајот од оваа сезона, односно на 30 јули. Засега не е јасно дали докажаниот голгетер ќе добие продолжување на соработката со намалување на платата или ќе мора да бара нов клуб.

За Полјакот постои интерес од клубови од Саудиска Арабија, од МЛС шампионатот во САД, но и други европски екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести