Левандовски во елитно друштво, им се приклучи на Роналдо и Меси со уникатно достигнување

Барселона вчера со 3:0 го победи Вилјареал, а Роберт Левандовски притоа успеа да се запише во историјата. Полјакот постигна два гола во триумфот на Барселона и тоа беа неговите 600-ти и 601 гол во професионалната кариера.

Тој стана само третиот фудбалер од 2000 година кој ја поминал границата од 600 постигнати голови во кариерата, пред него тоа им успеа само на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Левандовски, кој летово пристигна на „Камп ноу“ од Баерн Минхен, за Барселона одигра 14 меча во сите натпреварувања и постигна дури 16 гола.

Тоj во дресот на Баерн даде 344 гола во 375 натпревари, додека за Борусија Дортмунд одигра 186 меча и постигна 103 гола. Пред доѓањето во Бундеслигата, Левандовски даде 21 гол за Знич и 41 гол за Лех Познањ. Во дресот на полската репрезентација постигна 76 гола на 134 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести