Левандовски во Саудиска Арабија? „Мојата кариера нема да трае вечно“

Роберт Левандовски во 2022 година за 45 милиони евра се пресели од Баерн Минхен во Барселона. Првата сезона беше успешна за репрезентативецот на Полска бидејќи со Каталонците дојде до титулата во Ла Лига, но оваа сезона е далеку од минатата и за клубот и за фудбалерот.

Репрезентативецот на Полска има договор со Барселона до 2026-тата година и сè погласни се шпекулациите дека токму тој ќе биде следната цел на клубовите од Саудиска Арабија. Медиумите во Шпанија го прашаа Левандовски што мисли за оваа опција, но добија интересен одговор.

„Размислувам само за тоа да уживам во секој момент на теренот бидејќи сум свесен за некои работи. Мојата фудбалска кариера нема да трае вечно. Во моментов воопшто и не размислувам за Саудиска Арабија“, рече полскиот голгетер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести