Роберт Левандовски и Барселона имаат договор до крајот на оваа сезона, а во моментов вопшто и не се преговара за продолжување на соработката. Полскиот репрезентативец неодамна изјави дека ќе се пензионира и ќе остане да живее во Барселона доколку не добие нов договор, но притисокот од останатите екипи е голем за негов трансфер.
Фенербахче планира да ги откупи последните шест месеци од неговиот договор и да го донесе во Истанбул уште зимава. Планот на великанот од Босфорот е да го продаде Јусуф Ен-Несири во Саудиска Арабија и на тој начин да обезбеди средства за ангажманот на Левандовски.
Интерес има и од Милан, но тие се расположени да го донесат налето како слободен фудбалер. Сепак, тешко е за очекување дека Каталонците толку лесно ќе се откажат од својот најдобар стрелец, а и самиот фудбалер досега ги одбиваше сите понуди.

