Договорот на Роберт Левандовски и Барселона завршува на крајот од оваа сезона, но сè уште не е позната иднината на полскиот напаѓач. Неговата желба е да остане во Каталонија, но раководството на Каталонците не планира да му го продолжи договорот, па сега пред Левандовски се неколку опции.
Понуди не недостасуваат, а опција е и пензија, но за тоа е најмала веројатноста.
„Си дадов рок од три месеца да донесам одлука за мојата иднина. Барселона ни нуди сè што му е потребно на моето семејство и мене. Тука се чувствуваме баш пријатно. Одлуката ќе биде само моја и не чувствувам притисок. Луѓето велат дека сум стар и трчам, но мојата статистика кажува нешто друго. Понекогаш работите кои се зборуваат немаат никаква логика“, рече Левандовски.

