Барселона вечерва доживеа шок во четвртото коло во Лигата на шампионите, загуби со 1:0 од Шахтар, а главниот напаѓач Роберт Левандовски повторно одигра очајно.
Левандовски иако го одигра целиот натпревар на „Фолкспаркстадион“ во Хамбург, не упати ниту еден шут кон голот на Ризник, со што ја продолжи негативната серија.
Robert Lewandowski has failed to score in 6 straight club games for the first time since Dec. 2010 – Feb. 2011 (10 games with Dortmund).
Lewandowski has 0 shots on goal and 0.86 xGoals in those 6 games in all competitions (since Sept. 26). pic.twitter.com/wOLW9PRWvU
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) November 7, 2023
Имено, полскиот репрезентативец веќе шест натпревари по ред нема постигнато гол за Барселона. Вакво нешто му се нема случено дури 13 години, кога го носеше дресот на Борусија Дортмунд. Тогаш популарниот Лева од декември 2010 до февруари 2011 година на 10 натпревари по ред за Милионерите не успеа да даде гол.