Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, има свој фаворит за најдобар фудбалер во светот во следните 10-15 години, а неговиот избор падна на соиграчот од каталонскиот клуб.
„Јас го гледам Ламине Јамал како најдобар крилен фудбалер во светот. Но, не е важно како почнуваш, туку како ќе завршиш. Јамал има 17 години и треба да размислува за следните 10-15 години, а не само за следните 2-3 сезони. Може да има долга кариера“, вели Левандовски.
Jамал имаше старт од соништата на новата сезона, па на осум натпревари постигна четири гола и забележа пет асистенции. Еден од головите беше постигнат во поразот од Монако во Лигата на шампионите, додека остатокот е во Ла Лига, каде што Барселона има седум од седум на стартот од првенството.