Левандовски со погодок во финишот ја врати гол-магијата на Барселона, Валенсија падна на „Месталја“ во 93 минута (Видео)

Барселона ја победи Валенсија на „Месталја“ на драматичен начин со голот на Роберт Левандовски во 93. минута и ја прекина серијата без погодок од над 200 минути.

Рафиња мајсторски го погоди Левандовски на петерецот, а Полјакот во негов стил одлично се снајде и донесе триумф за гостите.

Во самиот финиш на дербито во Шпанија ексалираше нервозата, па се закачија стрелецот на голот за Барса и Фолкие од Валенсија.

 

- Оглас -

Најнови вести