Еран Захави мајсторски погоди од слободен удар во стилот на Лео Меси на дуелот со 8 погодоци што се играше во Кина, меѓу Шангај Шенхуа и Гвангжу.
Израелскиот репрезентативец погоди во петтата минута од слободен удар, а голманот на Шенхуа не успеа да го скроти мајсторскиот шут на Захави. Еран е прв стрелец во нашата квалификациска група за пат на ЕП 2020 година со 7 гола за Израел.
Веднаш на мајсторијата на Еран одговори Морено со гол со ножички, уште една прекрасна фудбалска изведба на дуелот што заврши со победа на Шенхуа од 5:3.