Леванте е жив, дојде на четири бода од зоната на опстанок

Леванте со 4-1 победи на гостувањето кај Гранада и сега има четири бода помалку од овој тим кој е во безбедната зона на табелата и од Мајорка.

Леванте е на делба на дното со Алавес, но ги задржа реалните шанси за опстанок во шпанската лига. Енис Барди не влезе во игра на денешниот меч, а капитенот Хозе Луис Моралес имаше гол и две асистенции.

Леванте заедно со Реал Мадрид се двата тима за кои сезонава се досудени најмногу пенали во Ла Лига, по 10.

Голот кој го даде Леванте за 4-1 во самиот финиш, може да биде значаен, бидејќи со него, Леванте е подобар од Гранада во меѓусебните дуели, па ако тоа решава кој да испадне, тимот од Валенсија ќе биде во предност.

- Оглас -

Најнови вести