Во Валенсија веруваат во чуда, особено по ова што го направи Леванте во дуелот против првакот Барселона. Екипата на Енис Барди за само седум минути успеа од 0-1 да го сврти резултатот на 3-1 против каталонскиот великан, и да се најде на прагот до сензација.
Најава за нокаутот на Барса беше голот на Кампања за 1-1, само една минута пред излегувањето на Барди од игра. Веќе во следниот напад, домаќините поведоа со 2-1, а во 68-та Радоја реализира за двојна предност. За пресвртот да биде уште по сладок, Леванте трипати шутна и ја затресе мрежата на Тер Штеген во второто полувреме, а во рпетходните 45 минути воопшто не се заканија кон голот на Германецот.
Каталонците имаа надеж дека ќе се вратат во игра откако Меси намали на 3-2 во 75-тата минута, но погодокот на Аргентинецот се поништи поради офсајд.