Енис Барди одигра одличен меч за Леванте, последен во 14-тото коло во шпанската Ла Лига, а вечерва декласиран е Атлетик Билбао.
Леванте победи убедливо со 3-0, со головите на Чема, Кампања и Роџер. Барди го одигра целиот меч и повторно беше една од главните алки во шестата победа во шампионатот за тимот од Валенсија.
Барди и соиграчите се во топ-форма и во последните 10 натпревари во Ла Лига собраа 17 бодови, со што се третата најдобра екипа со Алавес, а зад Севилја и Атлетико Мадрид.
Вкупно по 14 кола, Леванте има 21 бод на шестата позиција, зад гигантот Реал Мадрид, кој има два бода повеќе на петтата позиција.
Атлетик игра лошо сезонава, има само една победа и со 11 бодови е трет одоздола, место кое води во понизок ранг на натпревари.