Леванте и Билбао со пенали се загреваа за реваншот во Купот

Леванте и Атлетик Билбао ремизираа при конечни 1-1 во мечот од 25-тото коло во Ла Лига, кој им послужи како загревање на двете екипи во пресрет на нивниот реванш-дуел од полуфиналето во Купот на Шпанија, кој ќе се одигра на 4 март.

Ова е резултат кој беше конечен и во првото полуфинале на „Сан Мамеш“, поставен така што и за домаќините, а и за гостите беа доделени пенали.

Леванте одлучи да се брани во оваа средба со оглед на тоа дека загуби на креација со отсуството на лесно повредениот Енис Барди. Во една од ретките прилика кога домаќините тргнаа во напад, Де Фрутос изнуди пенал во корист на Леванте, а го реализира Роџер во 33-тата минута.

Баскијците иако доминираа во двете полувремиња, имаа потешкотии во обидот од игра да го совладаат разбранетиот голман Фернандес, но по само 11 минути игра во второто полувреме добија шанса на идентичен начин да стигнат до погодок. Раул Гарсија во 56-тата минута од пенал ги постави конечните 1-1 за поделба на бодовите.

Леванте остана на осмото место на табелата со 32 бода, зад екипата од Валенсија е токму Атлетик Билбао со два бода помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести