10.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025

Леванте и вечерва нема да ја освои „Местаља“, ефикасни мечеви ќе има во Англија и Германија (Фото)

1011 Престон – Блекбурн (21:00)

Престон и Блекбурн се на различни краеви од табелата во англиската Чемпионшип дивизија, па затоа предлогот за нивниот меѓусебен натпревар е да се одигра на голови. Очекувањата се дека и во двете полувремиња ќе има помеѓу еден и три гола, а квотата за такво нешто во Sport Life е одлична – дури 2.19.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.19)

 

1301 Валенсија – Леванте (21:00)

Леванте веќе четири години нема победа над градскиот ривал Валенсија, а на „Местаља“ не победиле никогаш. Меѓутоа, нивниот последен меѓусебен дуел на кој Валенсија беше домаќин заврши нерешено, 0-0, па очекувањата се дека и вечерва нема да има многу голови, барем не во првото полувреме.

Предлог тип: 1Х & 0-1 прво (1.89)

 

1801 Мајнц – Хофенхајм (20:30)

Германската Бундеслига е синоним за голови и ефикасен фудбал. Така се очекува да биде и вечерва на дуелот помеѓу Мајнц и Хофенхајм. Домашните се претпоследни на табелата, додека гостите се на шестата позиција само со три бода помалку од второпласираниот Лајпциг, а тоа би значело дека и двете екипи ќе мора да тргнат кон противничкиот гол.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.85)

 

2501 КФУМ Осло – Бодо/Глимт (19:00)

На две кола пред крајот на првенството на Норвешка, Бодо/Глимт има заостанување од еден бод зад лидерот Викинг. Ако сакаат да останат во игра за шампионската титула во пресрет на последното коло, тогаш ќе мора да слават на гостувањето кај КФУМ Осло, екипа која веќе си го обезбеди опстанокот и нема резултатски императив.

Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (2.00)

 

3632 Триглав – Биље (18:00)

Триглав и Биље се во првата половина од табелата во втората словенечка лига, но домашните се тие кои имаат и теоретски шанси да стигнат барем до втората позиција, која носи место во баражот. Бодовната разлика помеѓу двете екипи на табелата е осум бода.

Предлог тип: 1&1+I&2+ (1.85)

- Оглас -

Најнови вести