Леванте има дупка во буџетот, Валенсија се нуди да ја пополни и да го купи Енис Барди

Леванте испадна во Втората шпанска лига, а има дополнителни проблеми и дупка во буџетот од 10 милиони евра што ќе мора да ја пополни до 30. јуни, а реална варијанта е тоа да го стори со продажба на неколку играчи.

Градскиот ривал Валенсија веднаш понуди да купи три играчи од Леванте за таа сума, а меѓу нив е и Енис Барди.

Предлогот на Лилјаците е со Барди кај нив да се преселат Хозе Кампања и Гонзало Мелеро, со што Леванте би си го решил финансискиот проблем.

Сепак понудата на Валенсија според шпанските медиуми е прениска, иако тие оддамна се заинтересирани да го ангажираат македонскиот репрезентативец.

Барди се уште не одлучил дали ќе игра во Сегунда за Леванте, или ќе си замине по петгодишната авантура во шпанскиот клуб.

За него неофицијално има интерес и од Милан, Торино, Лацио, Фиорентина, но и од Лион, Бетис и Реал Сосиедад.

Барди сега е фокусиран на настапите за македонската репрезентација, која има јунска сесија од четири испити во Лигата на Нации.

Ќе играме премиерен мел во новото издание на ова натпреварување на 2. јуни против Бугарија во Разград, три дена подоцна ќе му гостуваме на Гибралтар, а дома ќе играме два меча, против Грузија на 9. јуни и со Гибралтар на 12. јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести