Леванте испадна, но Барди ќе остане да игра во Примера дивисион за тим кој влезе во елитата

Македонскиот репрезентативец Енис Барди многу веројатно дека ќе остане да игра во најсилната шпанска лига и во новата сезона. Барди во претходните пет години го носеше дресот на Леванте, клубот кој испадна од Примера дивисион.

Со испаѓањето на Леванте речиси е сигурно дека Барди ќе си замине од клубот, а има неколку заинтереснирани клубови за нашиот репрезентативец. Според шпанските медиуми, Алмерија е еден од најсериозните претенденти да го доведе Барди во своите редови.

Алмерија е екипа која со резултатите од минатата сезона успеа да се избори за влез во Примера дивисион, што значи дека ако се случи овој најавуван трансфер, Барди и следната сезона ќе остане да игра во Примера дивисион.

Освен Алмерија, името на Барди се споменува и со трансфер во Турција, а најзаинтересирани се Фенербахче и Трабзонспор.

- Оглас -

Најнови вести