Леванте најде замена за Барди и преговара со славен клуб со жешка атмосфера за да го продаде

Висенте Ибора пристигна во Леванте како позајмен играч од Вилјареал и сега клубот од Валенсија може да го продаде Енис Барди, за кого преговара со Олимпијакос.

Депортес Копе Валенсија објави дека Олимпијакос нуди отштета од 3 милиони евра за Барди, или дупло помалку од сумата што Леванте ја одбиваше одреден период од заинтересираните клубови за македонскиот репрезентативец.

Барди сако да игра во клуб што настапува во Прва лига, а Леванте испадна од Ла Лига во Шпанија, па трансферот во редовите на грчкиот гигант е реалност.

https://twitter.com/DepCOPEValencia/status/1553013127561740290?s=20&t=tloc3mgsMKRkC-0skhbhcA

Проблем за Барди може да биде елиминацијата на Олимпијакос во квалификациите за Лигата на шампионите.

Грчкиот гиганто доживеа вистински дебакл и загуби со 0:4 дома во реваншот со Макаби Хаифа и е елиминиран.

Таму е хаос и се бара оставка од тренерот Педро Мартинс, кој одбива да си замине, па Барди ако премине во Олимпијакос ќе влета во жешка атмосфера кај грчкиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести