Леванте веќе извесен период е во полн погон и се подготвува во пресрет на новата сезона во Ла Лига која треба да почне на 12 септември. Во клубот немаат случаи со ковид-19, сите напорно работат за да ја почнат сезоната во што подобро светло, а секако еден од играчите од кои многу се очекува е македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Ѕвездата на Леванте покажа колку е вешт со топката успешно балансирајќи ја на главата околу дваесетина секунди.
Магичен е Барди, полно трикови крие во магичната шапка.
https://twitter.com/LevanteUD/status/1297841922262925312