Леванте во акција „Барди е број 1 во Ла Лига со слободните удари“, македонскиот репрезентативец скромно: Важни се бодовите (Видео)

Енис Барди повторно го презентираше сиот сјај при изведувањето на слободните удари, постигна феноменален гол за победа против Хетафе, а Леванте на својот клупски профил има интересна анкета.

Прашањето е многу логично и се гласа за тоа дали Енис Барди е најдобриот изведувач на слободни удари во шпанската Ла Лига.

Македонскиот репрезентативец е скромен и одговори дека бодовите се најважни. Барди лани беше хит во најсилната лига во Европа, а за неговите слободни удари се говори со суперлативи и во шпанските медиууми, но и ширум Европа.

Лани имаше неколку страшни проектили со кои ги излудуваше голманите во Ла Лига, а и вчера против Хетафе потврди дека има топ во нозете и дека слободните удари му се уметност. Од 30-на метри Енис упати проектил што беше недостижен за голманот на Хетафе, Давид Сорија.

Очекувано, по мечот, Барди беше во фокусот, а во изјава за шпанската телевизија скромно рече дека бодовите се најважни за Леванте.

Погледнете ја изјавата на македионскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести