Леванте знаел да одигра и нерешено

Леванте на свој терен не успеа да ја победи Гранада, и одигра само 1-1 во дуел од шпанската лига, и тоа е прв нерешен резултат за малиот клуб од Валенсија после низа од 19 меча по ред во кои или победуваа или губеа. Леванте за кој игра Енис Барди (македонскиот репрезентатвец денеска го одигра цел меч) немаше ремизирано уште од 29 септември, кога дома со Осасуна си дадоа по еден гол.

Роџер Марти со 11-тиот гол сезонава е најефикасен Шпанец во лигата заедно со Лукас Перес. Од 2006/2007 наваму не се случило во оваа фаза од шампионатот, шпански играч да нема постигнато барем 12 гола. Израмни Мачис кој со шест гола е најдобар стрелец на Гранада.

- Оглас -

Најнови вести