Левата рака на Роналдо со еден часовник и два прстени „тежи“ 740.000 евра

Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот за 2019 година, а на церемонијата се појави со накит во вредност од 740.000 евра, и тоа само на едната рака.

Португалецот носеше „ролекс ГМТ-мастер“, кој вреди дури 445.000 евра. Се работи за еден од најскапоцените модели од тој производител на часовници. На него има 18-каратно злато, со стотина 30-каратни дијаманти. Ова не е најскапиот часовник што го има Роналдо бидејќи тој во својата колекција има и часовник на Франк Мулер, кој чини повеќе од 1,3 милиони евра.

Освен часовникот, Роналдо на левата рака имаше и два прстени чија вредност е 290.000 евра. Додека беше гостин на едно шоу, Кристијано постојано ги истакнуваше накитот и часовникот.

 

- Оглас -

Најнови вести