Фудбалерите на Баер Леверкузен не знаат за доста и продолжуваат да газат и во фудбалска Европа. Избраниците на Чаби Алонсо со 0-2 ја победија Рома на гостински терен и се на прагот од финалето во Лигата на Европа.
Новиот шампион на Германија сега ќе треба само рутински да го одработи реваншот на домашен терен и да дојде на чекор од освојување на нов трофеј оваа сезона.
Флоријан Вирц го отвори резултатот во 28-мата мината.
Конечните 0-2 ги постави Роберт Андрих во 73-тата минута со прекрасен еврогол.
На второто полуфинале немаше победник, па се ќе се решава на реваншот во Бергамо. Марсеј и Аталанта одиграа 1-1 со голови кои беа постигнати во првото полувреме. Гостите дојдоа во водство преку Скамака во 11-тата минута, а Мбемба израмни во 20-тата минута.