Баер Леверкузен е еден од тимовите во најдобра форма сезонава, безмилосно дава голови и реди победи на сите фронтови, но според квотите во Sport Life, Фармацевтите не се први фаворити за титулата во Лигата на Европа.
Уште 24 тима остануваат во конкуренција за трофејот во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа. Прв фаворит за титулата во ЛЕ е Ливерпул. Леверкузен е втор фаворит, а трет е Милан, кој се приклучува тука откако испадна од Лигата на шампионите.
Од клубовите кои беа трети во своите групи во ЛШ и се селат во ЛЕ, најдобри шанси му се даваат на Милан, па на Ленс и Бенфика.
Во Конференциската лига, фаворит е Астон вила, по неа следува Фиорентина, па Ајнтрахт, Бетис и Фенербахче.