Леверкузен ги чести навивачите: Бесплатно доживотно обележување на својата кожа

Баер Леверкузен реши да ги почести своите навивачи организирајќи бесплатни клупски тетоважи во знак на сезоната кога овој клуб ја освои првата титула во Бундеслигата.

„Ова е посебна акција на крајот на една посебна сезона. Баер на своите навивачи до крајот на сезоната им нуди можност бесплатно да одберат една од бројните тетоважи поврзани со Баер. Резервирајте го својот термин и овековечете ја оваа посебна сезона на својата кожа“, стои во соопштението на Баер Леверкузен .

Освен што сигурно ќе биде првак на Германија, до крајот на сезоната овој тим може да освои уште две титули. Фармацевтите ќе играат во финалето на Купот на Германија, а се и во финалето од Лигата на Европа.

Тимот на Чаби Алонсо постави и нов европски рекорд од 49 меча на кои нема пораз, надмнувајќи го постигнувањето на Бенфика, која периодот од 1963 до 1965 година имаше 48 дуели без пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести