Леверкузен го купи најдобриот стрелец во Лига Европа, и на нив им даде гол во минатата сезона!

Баер Леверкузен официјално објави дека го привлекол во своите редови 22-годишниот напаѓач Виктор Бонифејс, кој досега играше за Ројал Унион Сен Жилоа во Белгија.

Договорот на Нигериецот е до летото 2028 година, а во Баер ќе носи дрес со бројот 22.

Во минатата сезона, Бонифејс, заедно со Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, беа први стрелци во Лига Европа со по 6 гола, а еден од шесте погодоци му беше токму против Леверкузен.

За една сезона во белгискиот клуб тој одигра 51 меч и имаше 17 гола и 12 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести