Леверкузен и Менхенгладбах сигурни, Хофенхајм ги оправда домаќините

Баер Леверкузен нанижа две победи по стартот на Бундеслигата, денес Фармацевтите триумфираа на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф со конечни 3-1. Леверкузен на тој начин му се придружи на лидерот Дортмуд со две победи по исто толку кола во германското првенство.

Гостите уште во првите 45 минути ги постигнаа победоносните погодоци. Предност им донесе Бекјер со автоголот во шестата минута, а потоа Арангиз и Белараби ги решија дилемите од 33-тата до 39-тата минута. Фортуна дојде до гол преку Моралес на десетина минути пред крајот, но домаќините никако не може да се задоволни со почесниот погодок.

Со идентични 3-1 славеше и Менхегладбах на гости кај Мајнц. Домаќините поведоа преку Куајсон по 20 минути игра, но Лајнер, Плеа и Емболо до крајот на мечот го најдоа патот до мрежата на Мајнц.

Победа од 3-1 запиша и Фрајбург на гостувањето кај Падернборн, Хофенхајм ги оправда домаќините со конечните 3-2 против Вердер Бремен, додека Аугзбург и Униор Берлин ремизираа при конечни 1-1.

- Оглас -

Најнови вести