Еден од најпосакуваните фудбалери ова лето е членот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Голем број европски великани застанаа во редот за неговиот потпис, но многу од нив се откажаа кога ја слушнаа цената.
Првичните најави од раководството на Баер Леверкузен беа дека цената е 100 милиони евра за екипите надвор од Германија, односно 150 милиони евра за домашната конкуренција.
Сепак, се чини дека се премислија и цената ја поставија на 150 милиони евра за сите заинтересирани екипи. Ливерпул веќе испрати официјална понуда во висина од 135 милиони евра, но сега е јасно дека оваа сума е одбиена од страна на раковоството на Фармацевтите.
Ливерпул доколку сака да го ангажира Флоријан Вирц, ќе мора да плати 150 милиони евра, што секако дека ќе биде рекорден трансфер во историјата на Црвените.
Дваесет и двегодишниот Германец оваа сезона за Баер Леверкузен одигра 45 меча во сите натпреварувања, со ефект од 16 гола и 15 асистенции.