Пет ефикасни натпревари се одиграа во попладневниот термин од германската Бундеслига, а само фудбалерите на Волфсбург не успеаја да постигнат погодок.
Лајпциг со победата од 2-1 на домашен терен над Хамбург се искачија на втората позиција на табелата и сега најблиску до Баерн Минхен, со заостанување од два бода, но „баварците“ допрва треба да го одиграат натпреварот против Борусија Дортмунд.
Поранешниот германски шампион, Баер Леверкузен, ја доби голеадата против Мајнц на гости со 3-4, додека Штутгарт со убедливи 0-3 славеше на гостувањето кај Волфсбург.
Резултати:
Келн – Аугсбург 1-1
Хајденхајм – Вердер Бремен 2-2
Мајнц – Баер Леверкузен 3-4
Лајпциг – Хамбургер 2-1
Волфсбург – Штутгарт 0-3