Леверкузен му ја препушти бундеслигашката титула на Баерн Минхен!

Фрајбург и Баер Леверкузен одиграа 2-2, што и математички значи дека Баерн Минхен е нов шампион на Бундеслигата. На две кола до крајот, Баерн има недостижни осум бодви предност пред Баер кој лани беше првак, прекинувајќи ја децениската доминација на Баварците.

Ова значи дека легендата Томас Милер кој летови си оди од Баерн, ќе се прости со освоен трофеј, ова е и прва титула во кариерата на Англичанецот Хари Кејн.

Баерн по 34-ти пат во историјата е првак на Германија, а ова им е 12-та титула во последните 13 сезони.

- Оглас -

Најнови вести