24.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Леверкузен немаше милост за Бохум, Кејн донесе нова победа за Баерн (Видео)

Двете водечки екипи во германската Бундеслига продолжуваат со мртвата трка за врвот на табелата. Баерн Минхен победи „само“ 1-2 на гостувањето кај Волфсбург, иако како што започна натпреварот, се чинеше дека Баварците ќе забележат многу поубедлива победа.

Мусијала во 33-тата минута го доведе Баерн во водство од 0-1, а Хари Кејн со својот 21-ви првенствен гол во 43-тата минута зголеми на 0-2. Домашните до крајот на првото полувреме намалија на 1-2 преку Арнолд, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој натпревар.

Бундеслигашкиот лидер Баер Леверкузен немаше милост за Бохум и го победи со убедливи 4-0. Победникот беше познат уште по првото полувреме, по кое Фармацевтите имаа убедлива предност од 3-0.

И по ова коло нема промени на табелата во Бундеслигата. Баер Леверкузен е лидер со 42 бода, четири повеќе од второпласираниот Баерн Минхен, кој има и натпревар помалку.

Резултати:

Унион Берлин – Келн 2-0
Баер Леверкузен – Бохум 4-0
Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгладбах 2-1
Хајденхајм – Фрајбург 3-2
Штутгарт – Аугсбург 3-0
Волфсбург – Баерн Минхен 1-2

- Оглас -

Најнови вести