Леверкузен одреди „специјална“ цена за Вирц доколку сака да потпише за Баерн Минхен

Најдобриот фудбалер на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, има уште две години од договорот со Фармацевтите, но раководството на клубот одлучи да му дозволи да направи трансфер доколку некоја екипа ја плати бараната сума.

Во игра за неговиот потпис беа Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер сити, но фудбалерот одлучи дека сака да ја продолжи кариерата во баварскиот гигант, но сега следува вистински шок. Сумата за која Вирц е слободен е 100 милиони евра, но таа важи само за екипите надвор од Германија, додека за Баерн Минхен цената е 150 милиони евра.

Се чини дека летово нема да има ништо од трансферот на Вирц бидејќи и самиот најави дека е подготвен да чека една, па дури и две сезони, за да се пресели во Баерн за помала цена или како слободен фудбалер.

Планот на Баерн Минхен беше да го купи веднаш и тој да настапи и на Светското клупско првенство, но се чини дека оваа сума е превисока за нив. Поради цената која ја постави раководството на Фармацевтите, од трката се откажа Реал Мадрид, кој ќе чека пониска цена или да го ангажира бесплатно.

Сепак, единствените кои може да ја платат оваа сума се Манчестер сити, од каде што и се подготвени на тоа, но сè ќе зависи од желбата на фудбалерот.

- Оглас -

Најнови вести