Фудбалерите на Баер Леверкузен вечерва ги очекува еден од најтешките можни предизвици во Лигата на шампионите бидејќи во првиот натпревар од осминафиналето им гостува Арсенал.
Арсенал оваа сезона е еден од најдобрите тимови во Европа, а фудбалската јавност постојано зборува за нивните корнери, кои се исклучително опасни и од кои постигнаа голем број голови по нафрлувања од аголот.
По тој повод, Леверкузен реши малку да се пошегува пред натпреварот и со објава на социјалните мрежи ја насмеа фудбалската јавност.
„Аптекарите“ објавија фотографија покрај корнер-знаменцето на својата „Бај арена“, каде што поставија натпис „Забранети корнери“.
„Ново правило“, напишаа од Леверкузен во описот на фотографијата, со што ги воодушевија навивачите и за два часа собраа речиси 100.000 лајкови само на „Фејсбук“.
Натпреварот Леверкузен – Арсенал се игра од 18:45 часот, а реваншот е следната недела на „Емирати“. Топџиите влегуваат како апсолутен фаворит во овој двомеч.

