Леверкузен, Sвезда и Ливерпул се големи фаворити, голови се очекуваат во Штутгарт и Манчестер (Фото)

Пет интересни натпревари на кои се очекуваат голем број погодоци се дел од Квотите на денот на Sport Life. По два се од Премиер лигата и Германскиот куп, додека еден меч е од Купот на Србија. Вкупната квота на петте натпревари е 46.7.

Понудата ја отвораат екипите на Баер Леверкузен и Падерборн во Купот на Германија, дуел во кој домашните се големи фаворити за победата. Понудената квота за овој натпревар е најголема, 2.35, а ќе биде добитна доколку домашните имаат водство на полувремето и на крајот победат, но и доколку бидат постигнати најмалку четири погодоци на целиот натпревар.

Слично е и на мечот од Купот на Србија, во кој екипата на Црвена ѕвезда е апсолутен фаворит против Раднички Ниш. Понудената квота за овој натпревар е 2.25, а ќе биде добитна ако Црвено-белите имаат водство на полувремето и на крајот победат, но и ако бидат постигнати помеѓу три и шест гола на натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“.

Ливерпул е голем фаворит против премиерлигашкиот фенерџија Шефилд јунајтед и се очекува до врв да ја наполни противничката мрежа. Квотата од 2.05 ќе биде добитна доколку Црвените постигнат барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар.

Во вториот меч од Купот на Германија ќе се сретнат екипите на Штутгарт и Борусија Дортмунд. Предноста ја имаат домашните, а квотата од 2.10 ќе биде добитна доколку Штутгарт не загуби, но и доколку се затресат двете мрежи.

Понудата ја затвораат екипите на Манчестер јунајтед и Челзи. Премиерлигашкото дерби на последните четири дуели завршува со „гол-гол“, а такви се очекувањата и за денешниот натпревар. Квотата од 2.05 ќе биде добитна само доколку се тресат двете мрежи во првото или во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести