Леверкузен третпат сезонава во ЛЕ игра со истиот противник

6025 Рома – Брајтон (18.45 часот)

Рома во претходната рунда го елиминира Феенорд на пенали, а и во Серија А добро гази во последно време, па фаворит е против Морските галеби, кои имаат и важни повредени играчи, како Жоао Педро и Милнер. Овие два клуба никогаш порано не се сретнале во меѓусебен дуел. Римјаните се домаќини, имаат поголемо искуство од играње европски мечеви, во подобра форма се во моментов, затоа не веруваме дека Англичаните може да останат непоразени на „Олимпико“.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

6026 Карабах – Б. Леверкузен (18.45 часот)

Азербејџанскиот тим откако ја елиминира Брага во претходното коло, немаше среќа во ждрепката, пак треба да игра со Баер Леверкузен, кој нема ниту еден пораз сезонава на официјалните мечеви. Дури и ремијата им се ретки. Проблем за Карабах е и неиграњето на стартерите Чафаргулиев и Ромао кои се суспендирани поради картони. Интересно е дека овие два клуба веќе играа две меѓусебни средби сезонава, беа во иста група во првата фаза. Леверкузен како гостин во ноември победи против Карабах со 1-0 со голот на Бонифејс во 94-тата од пенал. Нигериецот нема да игра вечерва.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

6022 Спарта П. – Ливерпул (18.45 часот)

Чесите направија подвиг во претходната рунда, кога го елиминираа Галатасарај со домашна победа од 4-1, па нема да се исплашат ни од Ливерпул, кому сега приоритет му е дербито со Манчестер сити викендов во Премиер лигата. Црвените се без неколкумина стартери, а Салах е неизвесен. Спарта сезонава нема пораз дома, но вистината е и дека не играла против толку силен гостин како вечерашниот.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.95)

 

6024 Милан – Славија П. (21.00 часот)

Славија сезонава покажа дека знае да им се спротивстави на италијански клубови, го освои првото место во групата во којашто беше и Рома. Милан е еден од главните кандидати за титулата во Лигата на Европа, а Спарта за ова гостување се загреа играјќи 0-0 викендов во градското дерби со Спарта. Последниот гостински пораз на Славија ѝ беше во Италија во октомври, кога загуби во Рим од Рома со 0-2, па типуваме на нов пораз на Чесите од италијански тим.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.19)

 

6028 Бенфика – Ренџерс (21.00 часот)

Лисабонските Орли се во криза, имаат два порази по ред, и тоа болни, од најлутите ривали, Спортинг и Порто. Особено болен и срамен им беше лигашкиот дебакл од 0-5 против Порто, па сега треба да се вадат со добра игра и со победа на европската сцена, но прашање е какви последици врз самодовербата на тимот остави катастрофата против Порто. И Ренџерс викендов претрпе шок на домашна сцена. Шкотскиот тим има серија од пет меча по ред со 3+ голови, а 4-6 гола паѓаа и на претходните два меѓусебни дуела на овие два тима во ноември 2020 година.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.02)

- Оглас -

Најнови вести