Леви е легенда меѓу скржавите – Го отпушти Покетино и му бара да врати пари

Богатиот претседател на Тотенхем, Даниел Леви е легенда меѓу скржавите, а неговото барање до тренерот што го отпушти да се откаже од дел од парите како отштета е неверојатно.

Леви му враќи отказа на Маурисио Покетино и го замени со Жозе Мурињо, а прифати според договорот да му плаќа отштета на Аргентинецот од 10 милиони евра по сезона до 2023 година.

И сега излезе со барање до Покетино да се откаже од 10 милиони евра, поради пандемијата со Коронавирусот. Сега се чека одговор на Маурисио, кој нема обрвска да се откаже од парите, бидејќи не е член на клубот и има цврст договор што ќе ја урне секоја одлука на скржавиот Леви.

Слична мерка првиот човек на Тотенхем најави и за играчите и за актуелниот тренер Жозе Мурињо, кои самите треба да одлучат дали ќе се откажат од дел од парите, а се споменуваат 30 проценти во услови кога не се игра фудбал поради опасната пандемија со Коронавирус.

- Оглас -

Најнови вести