Елиминацијата на Тотенхем од Милан во осминафиналето од Лигата на шампионите (1:0, 0:0) ја прели чашката кај претседателот на Петлите, Даниел Леви, кој според англиските медиуми веќе донел одлука по завршување на сезоната да се раздели со менаџерот Антонио Конте.
Медиумите веќе го знаат и наследникот на Конте, тоа е Маурисио Покетино кој претходно седеше на клупата на Тотенхем.
Наводно, Леви ја признал грешката што ја направил во 2019 година кога му врачи отказ на Покетино иако со Аргетинецот на клупата, Тотенхем играше во финалето во Лигата на шампионите.
Медиумите пишуваат дека Покетино прифатил да се врати во Лондон, што значи дека Конте по завршување на сезоната, ќе си замине од Тотенхем.