Леви смета дека Кејн може да освојува трофеи и во Тотенхем

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, смета дека капитенот Хари Кејн може да освојува трофеи и со Петлите и дека треба да остане во тимот.

„Хари може да освојува трофеи со Тотенхем. Исто така е многу важно да се биде легенда. Тој веќе испишува историја со тоа што е најдобар стрелец на Тотенхем на сите времиња. Се надевам дека кога ќе ја заврши кариерата, ќе има статуа пред нашиот стадион“, изјави Леви.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува идното лето и веќе започнаа шпекулациите околу неговата иднина. Најголем интерес за Кејн пројавуваат ПСЖ и Баерн Минхен, но Леви тврди дека нема цена за која ќе го продаде својот најдобар играч.

- Оглас -

Најнови вести