Левски се интересира за Бабунски

Левски од Софија во зимскиот преоден рок сака да го ангажира македонскиот напаѓач Дориан Бабунски, кој е член на Ботев Враца.

Помладиот од браќата Бабунски им даде два гола на Сините и тоа не остана незабележано од тренерот Станимир Стоилов, кој сака да го доведе во еден од двата најтрофејни и најпопуларни бугарски клубови.

Левски планира да го привлече Бабунски и на Ботев Враца да му даде процент од евентуална идна продажба на нашинецот. Бабунски откако игра во бугарската лига, има 5 гола (два против Левски) на 19 меча. И неговиот татко, Бобан Бабунски, кој во периодот од 1992 до 1994 година играше во Бугарија, за ЦСКА, има дадено гол против Левски.

- Оглас -

Најнови вести