Левски со гол во 101-вата минута го победи Шкупи во Софија

Екипата на Шкупи е елиминирана во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА откако вечерва вторпат загуби од Левски. По првиот меч одигран во Скопје, Левски имаше предност од 2:0, а вечерва на реваншот, Бугарите се радуваа на триумф од 1:0.

Единствениот гол беше постигнат буквално во последните моменти од мечот, односно во 11-тата минута од судиското надополнување. Марин Петков погоди за голема радост на домашните навивачи на полниот стадион „Васил Левски“ во Софија.

Дуелот имаше продолжување од 11 минути поради прекинот во второто полувреме, кога главниот судија сигнализира дека има проблеми и дека нема да може да го продолжи мечот, па на теренот се појави четвртиот судија.

Реванш-дуелот беше рамноправен, а на домаќините им одговараше тоа темпо на игра затоа што имаа залиха од два гола по првиот дуел во Скопје, па на крајот сепак успеаја и да постигнат гол и по вторпат да се радуваат против чаирчани.

По елиминацијата на Шкупи, Македонија во европските купови на УЕФА остана само со еден преставник, а тоа е шампионот Струга ТЛ, кој ќе игра во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести