Левски упати важно соопштение за навивачите кои ќе патуваат во Скопје за дуелот против Шкупи!

Трофејниот бугарски клуб Левски од Софија, на 27 јули ќе гостува во Скопје на дуел против Шкупи во рамките од второто квалификациско коло од Конференциската Лига. Ова ќе биде прв дуел, а реваншот е седум дена подоцна во Софија.

Според најавите од Софија, навивачите на Левски добија на располагање 1.600 билети за да го следат мечот на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Бугарскиот тим издаде и соопштение за фановите кои ќе патуваат во Скопје.

„Раководството на Шкупи обезбеди 1.600 билети во формат на ваучери за дуелот од Конференциската лига. Цената на секој билет е 20 евра“, стои во дел од соопштението упатено од Левски за своите навивачи.

Според планот, гостинските навивачи ќе бидат сместени на Јужната трибина на стадионот, а збирно место ќе им биде стариот полигон кој се наоѓа порај стадионот од другата страна на реката Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести